[ВИДЕО] Макрон стана од публиката, го зеде микрофонот и повика: „Тоа е целосно непочитување“

Макфакс

11/05/2026

14:25

223

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон остро реагираше за време на панел на самитот „Africa Forward“ во Најроби, каде публиката со бучава ја прекина дискусијата. Тој ги повика учесниците да ја покажат потребната почит и да ги почитуваат правилата, по што продолжи со неговото излагање. Оваа реакција предизвика одобрување од присутните.

Францускиот претседател Емануел Макрон присуствуваше на конференцијата „Africa Forward“ во Најроби, каде на панел-дискусија се случи неочекуван инцидент.

За време на сесијата „Африка напред: Создавање во движење“, дел од публиката создаде голема врева, што ја попречи нормалната динамика на разговорот.

Макрон се кренал од своето место, зел микрофон и директно ја осудил бучавата, повикувајќи ги присутните да покажат повеќе почит. Тој нагласи дека ваквото однесување претставува целосен недостаток на респект и дека оние кои сакаат индивидуални разговори, треба да користат посебни простории или да го напуштат главниот простор.

По оваа реакција, дел од присутните го поддржаа со аплауз, а Макрон се врати на својата позиција и продолжи со учеството на самитот.