Во вечерните часови во Свети Николе, 11-годишно девојче има паднато од велосипед на некатегоризиран пат и се здобило со сериозни телесни повреди. Деталите за инцидентот се потврдени од пристигнатата пријава, а повреденото дете е пренесено во болница во Штип за понатамошна медицинска нега.
Вечерта околу 19:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавен инцидент на некатегоризиран пат лоциран во близина на „Рудина“. 11-годишно девојче од Свети Николе додека возело велосипед, доживеало пад и се здобило со тешки повреди, по што е пренесено во Клиничката болница во Штип каде му е укажана лекарска помош.
Од страна на полицијата е извршен увид на местото на несреќата.







