Важна изјава од Нетанјаху: Веднаш да се прекине финансиската помош од САД

Макфакс

11/05/2026

07:20

1.013

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер изнесе јасен став дека сака веднаш да се укине финансиската воена помош од САД, без да го чека следниот Конгрес. Ова доаѓа во време кога поддршката за Израел во американскиот Конгрес е поделенa поради конфликтот во Газа. Израел моментално добива околу 3,8 милијарди долари годишно, а договорот за помошта е вреден 38 милијарди долари до 2028 година.

„Целта ми е целосно да се прекине финансиската помош од САД, која ги опфаќа и воените аспекти на нашата соработка“, потенцира Нетанјаху во интервјуто за емисијата „60 минути“ на CBS News.

Израел годишно прима околу 3,8 милијарди долари како американска воена поддршка. Соединетите Држави се обврзаа да обезбедат вкупно 38 милијарди долари за воена помош на Израел во периодот од 2018 до 2028 година.

Сепак, според Нетанјаху, моментот е идеален за потенцијална ревизија на финансиската соработка меѓу двете земји.

Поделен став за помошта
„Не сакам да го чекам следниот Конгрес“, рече тој во емисијата. „Планирам да започнам со постапките веднаш“, нагласи тој.

Иако Израел долго време ужива двопартиска поддршка во Конгресот на САД во однос на воената помош, садот на пратениците и јавноста се промени и е поделен по избувнувањето на конфликтот во Газа во октомври 2023 година.