Затворањето на Ормутскиот теснец предизвика големи нарушувања во светскиот транспорт, а враќањето на нормалната пловидба ќе трае долго и по повторното отворање на преминот. Меѓународниот транспортен форум предупредува дека на глобалниот транспорт ќе влијаат повеќе фактори, вклучувајќи ја довербата и инфраструктурните проблеми. Дополнително, кризата влијае и на зголемување на цените на авиогориво и откажани летови ширум светот.
Затворањето на Ормутскиот теснец предизвика значителни нарушувања во глобалниот транспортен систем, а враќањето на нормалната пловидба може да потрае со месеци и по потенцијалното повторно отворање на преминот од страна на Иран и САД, предупредува Меѓународниот транспортен форум.
Оваа организација, што ги обединува 72 држави, истакнува дека враќањето на морскиот сообраќај на претходното ниво ќе биде зависно од повеќе аспекти, вклучувајќи ја довербата во навремена испорака, обезбедување на екипаж, достапност на бродови, трошоците за осигурување и санирање на штетната инфраструктура, како и отстранување на мините.
„Дури и откако теснецот ќе биде повторно отворен, сообраќајот нема веднаш да достигне претходните нивоа. Трговските услови би можеле да ја ограничуваат движечката активност со месеци“, се наведува во анализата која беше претставена на годишниот самит во Лајпциг, Германија.
Илјадници бродови и морнари заглавени
САД и Иран, кои ограничуваат сообраќај во теснецот каде минуваат околу 25% од светските нафтени танкери, прогласија кревко примирје на 8 април. Во првата недела после тоа, само 45 бродови поминале низ теснецот.
Пловидбата моментално се одвива преку коридори во контролата на иранската морнарица, додека преговорите помеѓу двете земји продолжуваат. Откако САД и Израел извршија напади врз Иран кон крајот на февруари, околу 1.000 трговски бродови и 20.000 морнари останаа заробени во Персискиот Залив.
Генералниот секретар на Меѓународниот транспортен форум, Јанг Те Ким, го оцени случувањето како јасно предупредување за глобалната зависност од ограничени клучни транспортни коридори.
„Овој настан ги отвора прашањата поврзани со отпорноста на влади во вакви ситуации, но и укажува на важноста од употреба на обновливи извори на енергија“, истакна Ким.
Пораст на трошоци и откажани летови
Поради кризата, цените на авионското гориво се зголемија двојно, а во мај авиокомпаниите глобално откажаа околу 13.000 летови, според компанијата „Сириум“.
Компаниите како Lufthansa и Croatia Airlines веќе најавија намалување на бројот на летови во текот на летната сезона поради растечки трошоци за гориво.
Меѓународниот транспортен форум, основан во 1953 година, претставува светска платформа за координација на транспортни политики со седиште во Париз. Во оваа година во организацијата се примени Гана, Панама и Перу.











