СЗО: Досега потврдени шест случаи на хантавирус, уште два се веројатни

Макфакс

09/05/2026

08:21

732

Големина на фонт

а а а

Потврдени се шест случаи на хантавирус од осум сомнителни случаи пријавени по избивањето на заразата на крузерот „MV Hondius“ во Атлантскиот Океан, објави Светската здравствена организација (СЗО).

„До 8 мај вкупно се пријавени осум случаи, вклучувајќи три смртни случаи (стапка на смртност од 38 проценти). Шест случаи се лабораториски потврдени како инфекција со хантавирус, а сите се идентификувани како последица на вирусот Анда, за кој се знае дека се пренесува меѓу луѓето“, се наведува во соопштението на СЗО.

Се додава и дека преостанатите два случаи се сметаат за „веројатни“.

СЗО напоменува дека четири пациенти моментално се хоспитализирани. Еден е на интензивна нега во Јоханесбург во Јужноафриканската Република, двајца се во различни болници во Холандија и еден во Цирих во Швајцарија.

Лицето кое се лекува во болница во Диселдорф во Германија е негативно на тестот и „затоа повеќе не се смета за случај“.

Крузерот „MV Hondius“, кој патувал од Аргентина кон Зеленортските Острови, е во центарот на меѓународното внимание откако СЗО објави дека тројца патници починале и дека постои сомнеж дека биле заразени со хантавирус.