Кристијан Киву од оваа сезона го предводи калчолигашот Интер, сезона која клубот може да ја заврши со двојна круна и да потврди дека е најдобар тим во Серија А.
Интер веќе го освои Скудетото, а ќе игра и финалето на Купот каде ќе ја има улогата на фаворит во соочувањето со Лацио. Водечките луѓе на клубот се задоволни од работата на Романецот и последните вести кои доаѓаа од Италија се дека стратегот ќе добие нов, подобрен договор.
Реномираната „Газета Дело Спорт“ пренесува дека „нероаѕурите“ имаа договор за Киву според кој ќе остане во Милано до 2028 година, а сегашната плата ќе скокне од 2,1 милиони евра на 3 милиони евра.
Ова е прво посериозно искуство за Киву кој претходно само неколку месеци ја водеше Парма.






