Бекам за посветеноста на Енрике во ПСЖ: Во првата сезона…

Дерби

08/05/2026

11:48

410

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен втора година по ред ќе игра во финалето на Лигата на шампионите што значи дека е на чекор од историски резултат да стане една од ретките екипи кои го одбранила трофејот во ова натпреварување.

За ова огромна заслуга има тренерот Луис Енрике кој по доаѓањето на „Паркот на принцовите“ направи големи промени, се откажа од сериозни имиња, ама изгради состав, тим кој може да одговори на неговите барања, а резултатите се фантастични.

Шпанецот дефинитивно е максимално посветен на предизвикот, а дека тоа не се само празни зборови говори изјавата на Дејвид Бекам кој сподели разговор што го имал со претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи.

- Разговарав со претседателот Насер [Ал-Келаифи] во ПСЖ и тој рече дека во првата година на Луис Енрике, тој практично спиел секоја ноќ во новиот тренинг центар, работејќи на тоа како сака да изгледа тимот, како сака тимот да игра, кого сака, каде ќе одиме, каква е иднината.

- Претседателот Насер само рече дека никогаш не видел нешто слично. Неговата работна етика и она што го сака од својот тим, тој сака сите да бидат на исто ниво, сите да сакаат истото, да ги водат овие млади играчи напред. Но, тој исто така сака играчи кои само ќе трчаат и нема да застанат и тоа е она што го има, тоа е она што го изградил, - обелодени Бекс.

ПСЖ по доаѓањето на Шпанецот продолжи да доминира во Франција, го оствари сонот и триумфираше во ЛШ, а сега е на добар пат и да ја одбрани таа титула.