Оклахома и Детроит чекор поблиску до финалиња на Западот и Истокот

Дерби

08/05/2026

11:47

175

Големина на фонт

а а а

Оклахома Сити Тандер и Детроит Пистонс го одбранија домашниот терен и поведоа со 2-0 во пресметките со Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс во полуфиналните битки во западната и источната конференција во НБА лигата.

Актуелниот првак беше подобар од „езерџиите“ со 125:107 и тоа во средба во која направија пресврт во вториот дел и ја оправдаа улогата на фаворити.

Победникот имаше тројца играчи со 20+ поени и тоа Мичел, Холмгрен и Гилџес-Александер. На другата страна сосема очекувано во прв план беа Ривс со 31 и Џејмс со 23 кошеви.

Пистонс пак го добија Кливленд со 107:97 и со голема самодверба ќе го дочекаат продолжението од серијата која се сели на теренот на Кавалирс. Канинггем испорача дабл-дабл од 25 поени и 10 асистенции, Херис застана на 21 кош, Џенкинс од клупата уфрли 14 кошеви.

Мичел за гостите реализираше 31 кош, меѓутоа потфрли втората ѕвезда Харден кој даде само 10 кошеви.