„Мицкоски повторно прибегнува кон старата техника на мачкање очи. Кампњата е почната. Еден дел од кампањата е заострување на односите со Бугарија. Иако се уште не формирана владата во Бугарија, тој веќе изјави дека не очекува подобрување, туку заострување на односите“, велат од СДСМ.
„Уште минатата година, во јули, бугарскиот претседател Румен Радев јасно кажа дека Македонија сама себе си го блокира патот кон ЕУ. Оваа кампања се води токму за да има готово објаснување зошто не се внесуваат малцинствата во Уставот.
Вториот дел од кампањата е напад на СДСМ дека ја кочи реформската агенда со Изборниот законик. Работата е многу едноставна. Мицкоски има апсолутно мнозинство во Собранието, што самиот повеќе пати го нагласи.
Како што ја укина техничката влада, така може да спроведе сè останато. СДСМ за тоа не му е потребен. СДСМ му треба само како алиби зошто не ги исполнува условите за продолжување на преговорите и отворање на поглавјата за пристапување во ЕУ.
Ете ја целата приказна. На Мицкоски му треба алиби. Ние нема да му го дадеме.
По ветувањето дека ќе го укине Преспанскиот договор, а да не каже дека тоа значи излегување од НАТО, дека ќе го врати името во БЈРМ или ФИРОМ, а дека тоа подразбира целосна изолација.
Како што тогаш ветуваше, а ништо не исполни, така и сега. Иста приказна, друга тема. Тогаш клечеше и молеше за власт, сега цела Македонија клечи поради катастрофалната економска ситуација и сиромаштијата. Сè прави за да се заштити себеси и својата криминална група.
Сите граѓани ги држи како заложници затоа што не сака ЕУ, не сака контрола на европското обвинителство, бидејќи тогаш не може да краде како денес, тогаш некој мора да одговара. Наскоро доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста! Мора да одговараат!“, се наведува во соопштението на СДСМ.







