Денеска се отвори големиот фестивал „Откриј ги тајните на корејската убавина“ со содржина посветена на современите трендови за нега на кожа, настан, кој ќе ја доближи корејската козметика и нејзиниот глобален пристап кон убавината до домашната публика и ќе трае се до 10 мај.
За љубителите на негуваната кожа, во текот на трите денови, на приземјето од Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни производи, со корејските рутини и пристап за нега, како и до ефектот за сјајна и мазна кожа, кои во последните години стануваат сè поприсутни и кај нас.

Фестивалската програма, предвидува секој ден и едукативни панел-дискусии на кои експерти, фармацевти и дерматолози ќе говорат за современата дермокозметика, активните состојки и придобивките од корејскиот пристап кон убавината. Фестивалот е можност посетителите директно да се информираат, да споредат и да откријат производи, кои одговараат на нивните потреби, во период кога негата на кожа станува сè поважен дел од секојдневието.
Па така, денеска, 8 мај, во 18 часот, говорнички на првата едукативна панел дискусија ќе бидат др.Ивана Панговска спец.по дерматологија и Стефанија Златку Лузевска, основач и сопственик на Yeppeuda. Темата е „Активни состојки во корејската нега и како правилно да се користат“.

Во сабота на 9 мај, во 17 часот, говорничка на втората панел дискусија ќе биде Марија Крстевска, фармацевт и експерт за корејска козметика и ќе проговори на темата: „Како да се состави ефикасна корејска рутина за нега на кожа“.

И на последниот фестивалски ден на 10 мај, во 14 часот, говорнички на панел дискусијата ќе бидат: асс. Д-р Маја Димова, специјалист дерматовенеролог и Лилјана Бошковска Ризор, стручен соработник на тема: „Месец на меланом: SPF не е тренд — туку навика “.

На настанот ќе бидат претставени неколку брендови. CosLOVEmetics, Yeppeuda и K-Beauty Зегин.
Корејската козметика се издвојува по тоа што нуди практични и ефективни решенија за различни типови кожа и возрасти. Таа подеднакво е прифатена кај тинејџери кои се соочуваат со првите проблеми на кожата, како и кај возрасни жени и мажи кои бараат одржување на здрава, хидрирана и негувана кожа. Производите се базираат на лесни текстури, природни состојки и постепени резултати, со фокус на секојдневна нега, а не на брзи и агресивни третмани. Ваквиот фестивал е можност на едно место да се добие појасна слика за тоа што значи „K-beauty“ и како може да се примени во секојдневната рутина.
Комерцијален текст











