Три јапонски брода поминаа низ Ормускиот теснец без да му платат на Иран

Макфакс

08/05/2026

10:01

251

Големина на фонт

а а а

Јапонската бродска компанија „Мицуи О.С.К. Лајнс“ (МОЛ) потврди дека три од нејзините бродови не платиле транзитни такси при минување низ Ормутскиот теснец во април. Таксите беа предложени од Техеран како дел од неговите предлози за ставање крај на она што се смета за американско-израелска војна против Иран, објави Ал Џезира.

Став на компанијата

Портпаролот на компанијата изјави за Ројтерс дека нема намера да плаќа такви такси во иднина. На прашањето како бродовите успеале да поминат, МОЛ, кој сè уште има неколку бродови во Персискиот Залив, ја припиша ситуацијата на напорите на релевантните земји и засегнати страни.

„Безбедноста на нашиот екипаж, бродови и товар ќе продолжи да биде наш врвен приоритет“, додаде портпаролот. Низ теснецот поминаа и два танкери за течен нафтен гас под индиско знаме, во сопственост на поврзана компанија.

Стратешки важен премин

Ормускиот теснец е еден од најстратешки важните поморски патишта во светот. Под нормални околности, приближно една петтина од вкупниот светски поморски транспорт на сурова нафта и течен природен гас поминува низ него.