Лајмер бесен: ПСЖ требаше да остане со играч помалку во раната фаза на мечот!

Дерби

07/05/2026

13:58

149

Големина на фонт

а а а

Конрад Лајмер одигра агресивно во свој препознатлив стил и беше активен во два правци за Баерн Минхен, а токму една негова акција од 29-та минута е една од најкоментираните по полуфиналето со ПСЖ.

Фановите и ескпертите посебно се објаснуваат за недосудениот пенал по очигледното играње со рака од Невеш, но Лајмер вели дека ПСЖ требал да остане со играч помалку уште во раната фаза на мечот.

Нуно Мендеш кој имаше јавна опомена, пресече контра играјќи со рака, а кога сите очекуваа прекин и црвен картон, главниот судија Жоао Пинеиро ја врати играта поназад и досуди играње со рака од Лајмер.

Повторените снимки покажаа дека Лајмер играл со делот од стомакот и дека воопшто не ја удира топката со рака, па затоа дефанзивецот беше доста гласен по елиминацијата од европскиот шампион.

– Кога сте на теренот, воопшто не чувствувате каде ве удира топката, но првото чувство беше дека играв со стомак. После тоа, следеше играњето со рака од Мендеш. Судијата досуди играње со рака од мене пет секунди подоцна и тоа беше нависитна чудна одлука. Работите можеа да одат многу подобро за нас, истото важи и за играњето со рака од Невеш, – изјави Лајмер, на кого новинарите му открија дека неговото играње со рака го пријавил четвртиот судија.

– Од кога четвртиот судија има право да коригира одлуки? Никогаш не сум доживеал нешто слично, но тоа не е моја работа. Сега веќе не можеме да смениме ништо, но јасно дека тоа ќе беше клучен момент на мечот. ПСЖ да загубеше играч толку рано на мечот, работите ќе беа поинакви, – изјави Лајмер.