Иран: Подготвени сме да им помогнеме на бродовите во Ормускиот Теснец

Макфакс

07/05/2026

10:13

151

Големина на фонт

а а а

Во услови на постојани тензии околу Ормускиот Теснец, Иран соопшти дека неговите пристаништа се подготвени да обезбедат поморски услуги, техничка поддршка, снабдување и медицинска помош за бродовите што пловат низ Ормускиот Теснец и регионалните територијални води, јави агенцијата „Анадолија“.

Пораката на Иранската организација за пристаништа и поморство била упатена до командантите на трговските бродови што оперираат во регионалните води, објави државната агенција „ИРНА“.

Според соопштението, сите пловила што пловат низ територијалните води, особено оние во иранските води и пристаништа, можат да користат услуги за снабдување, гориво, здравствена и медицинска помош, како и материјали за одржување кога тоа е потребно.

Организацијата наведе дека пораката ќе се емитува преку поморските комуникациски мрежи и VHF системите трипати дневно во текот на три дена.

Тензиите во регионот дополнително ескалираа откако САД и Израел на 28 февруари започнаа напади врз Иран, што предизвика ирански одговор и го наруши сообраќајот низ Ормускиот Теснец.

Примирјето стапи во сила на 8 април со посредство на Пакистан, но преговорите во Исламбад не доведоа до траен договор. Американскиот претседател, Доаналд Трамп подоцна го продолжи примирјето без одреден рок.