[ФОТО] Објавена наводната проштална порака на Џефри Епстин

Макфакс

07/05/2026

08:02

847

Големина на фонт

а а а

Федерален судија во Њујорк во средата дозволи објавување на документ за кој се тврди дека содржи самоубиствена порака од покојниот финансиер и сексуален престапник Џефри Епстин, објави Ројтерс. Епстин беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија на Менхетен во август 2019 година, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство.

Се верува дека рачно напишаната порака ја пронашол осудениот убиец и поранешен полицаец Николас Тартаљоне, со кого Епштајн ја делел ќелијата.

Окружниот судија на САД, Кенет Карас, кој го водеше случајот на Тартаљоне, ја објави пораката по барање од „Њујорк тајмс“, кој објави за пораката минатата недела.

Судијата не најде законска причина да ја чува пораката во тајност

Судијата не најде законска причина да ја чува пораката во тајност. Сепак, тој не ја потврди автентичноста на пораката, ниту кој и кога ја пронашол, отфрлајќи ги тие прашања како ирелевантни за неговата одлука да ја објави.


„Ниту една страна не идентификуваше никаква спротивна причина што би го оправдала запечатувањето на пораката“, пресуди Карас. Пораката ја поднесоа адвокатите што го застапуваат Тартаљоне, кој беше цимер на Епстин околу две недели во јули 2019 година, кога двајцата беа затворени во затвор на Менхетен.

Содржината на пораката

„Ме испитуваа еден месец – не пронајдоа ништо!“, се вели во пораката, според фотографија објавена во судското досие. „Привилегија е да можам да одберам кога да се збогувам. Што сакате да направам – да плачам! Не е забавно – не вреди!“, се додава.