„ВМРО-ОКГ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот состав да не може да имаат двојно државјанство. СДСМ предложи истиот закон да важи веднаш, а не од следниот состав на Собранието, и да важи за сите членови на Владата и носители на извршна власт. СДСМ поднесе и измени на Законот за Влада во Собранието“, велат од СДСМ.
„Од тој момент Мицкоски се повлече, ретерираше, се правдаше дека „мораат експерти да го проверат законот и Уставот“. Само уште не знаеме – кој Устав гледаат? Македонскиот или бугарскиот?
Ова е вистинското лице на лажниот патриотизам на ВМРО-ОКГ: Се создава вештачки конфликт со Бугарија, опозицијата ја нарекуваат „предавници“, а самите си обезбедуваат бугарски пасоши за себе и за своите семејства.
Пола ВМРО-ОКГ веќе има бугарски (европски) пасоши, затоа и не смеат да го изгласаат законот кој сами го предложија. Македонскиот идентитет не е загрозен од Европа.
Најголемата закана за македонскиот идентитет е криминална група ВМРО, партијата која го користи за пропаганда, а самата живее со бугарски пасоши во џеб. Сè што прават е лага и лицемерие во служба на одржување на моќта и заштита на криминалот. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, соопшти СДСМ.







