СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и О.Ф.(43) од Охрид, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.
Во текот на 2024 и 2025 година, второпријавениот, свесно и со намера да прибави имотна корист, фалсификувал и прикажувал лажно одобрение за градење од општина Охрид за надградба на станбена зграда и се рекламирал преку свој профил на веб страна за продажба, каде што имал огласи за продажба на станови, за што земал пари од повеќе лица.






