Трамп: Конфликтот со Иран може да трае две до три недели, САД веќе победија

Макфакс

05/05/2026

12:41

120

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека конфликтот со Иран може да трае уште две до три недели и оцени дека САД веќе победија.

Во телефонско интервју за „CBS News“ вчера попладне, Трамп одби да каже дали примирјето со Иран завршило откако Иран ги нападна Обединетите Арапски Емирати, но посочи дека војната може да продолжи уште две или три недели.

„Па, тоа не можам да ви го кажам“, рече Трамп кога беше прашан дали примирјето е завршено.

На прашањето дали најновите непријателства значат почеток на обновен конфликт со Иран, Трамп рече дека на еден или друг начин, САД победуваат.

„Или ќе постигнеме вистински договор или ќе победиме многу лесно. Од воена гледна точка, веќе победивме. Знаете, ме слушнавте милион пати како го кажувам тоа, а и други го велат. Имаа 159 бродови, сега немаат ниту еден. Сите се на дното на морето“, рече Трамп. Трамп не сакаше да потврди дали Иран го прекршил прекинот на огнот, велејќи дека ќе се види што ќе се случи, но ги нагласи воените капацитети на САД.

Тој рече дека конфликтот веројатно би можел да трае уште две недели или можеби три недели, нагласувајќи дека не е под временски притисок. „Времето не е клучно за нас“, рече тој, тврдејќи дека војната има значителна јавна поддршка.

Тој исто така изјави дека САД имаат контрола врз Ормускиот теснец за време на операцијата „Проект слобода“.

„Тие рекоа дека ќе го преземат Ормускиот теснец и ние мислевме дека можат. Ние го преземавме од нив“, рече Трамп, пренесува Танјуг.

Зборувајќи за порастот на цените на нафтата, Трамп процени дека тие би можеле да се зголемат дополнително, можеби до 250 долари, со тврдење дека е генијално што бродовите сега одат во САД за нафта. Кога беше прашан за иднината на иранските залихи на збогатен ураниум, чија испорака е клучна точка на спор за Вашингтон, Трамп ја намали нивната важност.

„Од вредносна гледна точка, не е особено вредно. Веројатно не може да се користи. Можеби дури и нема да можат да го добијат“, рече тој, додавајќи дека би сакал САД да го преземат за да не биде Иран во искушение.

Трамп, исто така, изјави дека е убеден дека иранскиот народ, доколку има доволно оружје, би се спротивставил на режимот.