Пожар во Визбегово кај обиколницата: Горат стари автомобили на приватен имот, на терен пожарникари и инспектори

Точка

04/05/2026

13:57

373

Големина на фонт

а а а

Ве информираме дека во тек е интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде што е запален приватен имот каде што биле складирани стари автомобили.

Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети и активно дејствува во справување со пожарот.

Паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство.

Апелираме до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на насоките на надлежните служби.

Состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот да биде ставен под контрола, да се заштитат граѓаните и да се утврди одговорност за настанатата состојба.

Градот Скопје нема да дозволи неодговорното однесување и создавањето диви депонии да го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина.

Секој што го загрозува јавниот интерес, мора да сноси одговорност!