Демократски сојуз: Слава и почит за великанот Гоце Делчев

Макфакс

04/05/2026

10:45

135

Големина на фонт

а а а

Демократскиот сојуз денес оддава почит на великанот на македонската револуционерна мисла, Гоце Делчев, кој својот живот го вгради во борбата за слобода, правда и еднаквост. Неговата визија за Македонија како заедница на слободни луѓе и за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите, останува траен патоказ за нашиот развој.

„На денешен ден се потсетуваме на неговата жртва во село Баница во 1903 година, кога прерано беше прекинат животот на еден од најголемите синови на Македонија. И покрај тоа, неговото дело продолжи да живее и да биде водилка за генерациите кои ја остварија македонската државност.

Како дел од владејачката коалиција, Демократскиот сојуз останува посветен на вредностите за кои се бореше Делчев – слобода, демократија, солидарност и еднакви можности за сите граѓани.

Со почит кон минатото, продолжуваме да работиме за стабилна, европска и просперитетна Македонија“, соопшти Демократскиот сојуз.