[ВИДЕО] Панихида во црквата „Св. Спас“ - Скопје за 123 години од смртта на Гоце Делчев

Нетпрес

04/05/2026

12:20

313

Големина на фонт

а а а

На денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје, денеска ќе се одржи Панихида, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во областа на науката.

Гоце Делчев загина на 4 мај 1903 година во селото Баница.

Тој бил убиен во борба со османлиската војска. Во тоа време бил еден од главните организатори на револуционерното движење за ослободување на Македонија од Османлиското Царство.

Неговата смрт се случила само неколку месеци пред почетокот на Илинденското востание, што имало големо влијание врз текот на настаните.

По повод одбележувањето на 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев во Владата ќе се одржи трибина насловена „Темел на државноста – визија за иднината“.

На трибината ќе учествуваат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, како и Јовица Никчевски, директор на Националната универзитетска библиотека.