СДСМ: Мицкоски ветува „рамо до рамо со Црна Гора“ реалноста е дека Македонија е рамо до рамо со Србија

Макфакс

01/05/2026

12:55

118

Големина на фонт

а а а

„Христијан Мицкоски, шеф нa криминална група ВМРО, ветува дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека Македонија е рамо до рамо со Црна Гора“, алудирајќи на пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија во 2028 година. Реалноста е сосема спротивна“, велат од СДСМ.

„Европската комесарка за проширување Марта Кос вчера соопшти дека Европската Унија замрзнува околу 1,5 милијарди евра од Планот за раст наменети за Србија, поради сериозно нарушување на владеењето на правото, слободата на медиуми, демократијата, слободата на говор и односите со Русија.

Мицкоски, наместо да ги исполнува европските стандарди, ја копира најлошата верзија на српскиот модел – моделот на автократот Александар Вучиќ

Паралелата е јасна и болна:

• Слобода на говор и демократија – Мицкоски преку Собранието носи декрети за забрана на говорот за мигрантите, а граѓаните кои мислат поинаку ги нарекува „талог на општеството“, „медиокритети“ „лешинари“ „глодари“ и „мочуриште“. Опозицијата ја нарекува „болна“ и „мекотели“.

• Слобода на медиуми – преку Орбан контролира 40% од медиумскиот простор, а со законот за финансирање на медиуми врши притисок врз независните медиуми. Македонија падна на листата на слобода на медиуми и влезе во загрижувачка зона.

• ЕУ пат – наместо реформи, имаме политика на „тројански коњи“: блиски врски со Русија (Стојиљковиќ и Ноќните волци), кинески кредити преку Орбан, почесен конзул Адамовиќ со руски врски, криминал и корупција, без реформи во правосудството, злоупотреба и партиско поставување во судовите, обвинителство и полицијата.

Исти бизнис партнери.

Европа јасно кажа: без вистински реформи, без владеење на правото и без слобода на медиуми – нема пари и нема напредок.

Затоа, поради политиката на Мицкоски, криминалот, корупцијата и обожавањето на „браќата“ Орбан и Вучиќ, Македонија многу повеќе личи на Србија (која ги губи средствата и интеграциите) отколку на Црна Гора која напредува кон членство во ЕУ.

Мицковски може да си ги раскажува своите бајки колку што сака, како што вели, сме трета економија во Европа со празни фрижидери и паричници но граѓаните јасно ја гледаат вистината. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, соопшти СДСМ.