Уапсен 26-годишник од Турција баран со потерница

Макфакс

30/04/2026

19:19

145

Големина на фонт

а а а

Вчера во 15:30 часот во село Визбегово, скопско полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за меѓународни потраги, во координација со ОЈО Скопје, го лишија од слобода 26-годишниот А.Џ.А. од Турција, баран со потерница распишана од страна на Турција.

Тој е предаден на ОЈО Скопје, а потоа спроведен до Основен кривичен суд – Скопје. На лицето му е одреден екстрадициски притвор во редовна постапка и истиот е спроведен во КПУ затвор Скопје.