Под влијание на влажна и студена воздушна маса, денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²), прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец.
Од петок до крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, прогнозира УХМР.

Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.
Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.







