Одбиена жалбата на масовниот убиец од Нов Зеланд: Тарант останува доживотно во затвор

Макфакс

30/04/2026

08:00

248

Големина на фонт

а а а

Судот на Нов Зеланд ја одби жалбата на Бренрон Тарант, кој во 2019 година уби 51 лице во две џамии во Крајстчерч.

Тарант издржува доживотна затворска казна без можност за помилување, откако призна вина за масакрот и за обид за убиство на уште 40 верници, пренесува Би-Би-Си.

Во жалбата тврдеше дека кога ја признал вината не бил способен рационално да одлучува поради, како што навел, „нечовечки затворски услови“, но Апелацискиот суд оцени дека неговите аргументи се „целосно неосновани“.

Судиите заклучија дека тој не бил под никаков притисок да признае вина и дека не понудил правна основа за жалбата.

Нападот врз џамиите Ал Нур и Линвуд Исламик Центар во март 2019 година ја потресе светската јавност и доведе до заострување на законите за оружје во Нов Зеланд, вклучително и забрана на полуавтоматско оружје од воен тип.