Од утре за сообраќај затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево

Макфакс

28/04/2026

20:45

212

Големина на фонт

а а а

СВР Охрид ја информира јавноста дека од утре за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, општина Дебрца.

Со цел безбедно вклучување на автопатската делница во близина на овие населени места, возачите на моторни возила, од утре, за непречено вклучување на автопатот, исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ до кој водат споредните изградени патишта надвор од автопатот.

„Апелираме до возачите на моторни возила, строго да се придржуваат до овие насоки, да ја почитуваат поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализција како и насоките на полициските службеници кои, од утре ќе вршат интензивни сообраќајни контроли на овој патен потег со цел, контрола и мерки кон возачи кои ќе се обидат непрописно да се вклучат и ќе го загрозат автопатскиот сообраќај“, велат од СВР Охрид.