Алваро Арбелоа (43) нема да биде тренер на на првиот тим на Реал на крајот од сезоната. Управата сака ново име за тоа место. Ова го пишува „Ел Мундо Депортиво“.
Арбелоа, до неодамна тренер на младинските и резервните тимови на Реал, ја презеде сениорската екипа во јануари откако Чаби Алонсо беше отпуштен.
Сепак, Арбелоа не успеа да ја спаси сезоната. Под негово водство, Реал ја завршува сезоната без трофеј.
Тој беше елиминиран од Купот на Кралот од второлигашот Албасете, во четвртфиналето на Лигата на шампионите ги загуби двата натпревари од Баерн, додека Барселона лесно ќе ја одбрани титулата во Ла Лига. К
„Копе“, додава дека Реал директно го контактирал Лионел Скалони (47), селекторот на Аргентина.
Скалони поголемиот дел од својата фудбалскамкариера, го мина во Шпанија. По речиси десет години таму, ја презеде Аргентина. Ја води од 2018 година, а со неа освои една титула светски шампион и две титули јужноамерикански шампион. Тој никогаш не работел како тренер во клуб, а неговата работа како селектор во Аргентина е неговото единствено тренерско искуство.
Според овие извори, првиот контакт со Скалони го направил лично претседателот на Реал, Флорентино Перез.







