Кениецот Себастијан Саве испиша историја откако го истрча маратонот во Лондон за помалку од два часа, поточно за 1:59:30.
Иако претходно Елиуд Кипчоге во контролирани услови во Виена успеа да истрча маратон под два часа (1:59:40), тој резултат не беше официјално признат.
Но, кој е всушност Себастијан Саве?
Приказната зад овој маратонец е навистина интересна.
Како дете, секој ден трчал по стоката и од своето село до училиштето.
Својот прв меѓународен успех го оствари со седмото место во сениорската машка трка на Светското првенство во крос во 2023 година.

Во септември 2025 година следеше победа на Берлинскиот маратон со време од 2:02:16.
Откако Светската атлетика ги заостри антидопинг тестирањата на кенијските атлетичари, Саве бил тестиран 25 пати надвор од натпреварување, со цел да се отстранат сите сомнежи за допинг пред настапот во Берлин.
И така доаѓаме до 26 април, кога Кенијецот стана првиот човек што завршил натпреварувачки маратон под два часа, победувајќи на Лондонскиот маратон со време 1:59:30.
Саве за време на маратонот во Лондон трчал со просечна брзина од 21,19 километри на час, што звучи речиси невозможно.

Колку заработи со овој историски резултат?
Тој ќе инкасира 355.000 долари, но поголемиот дел од наградата се однесува на бонуси за рекорд, а не за самата победа во Лондон:
• 55.000 долари за победа на трката
• 125.000 долари бонус за соборување на светски рекорд
• 150.000 долари специјален бонус бидејќи трката ја завршил побрзо од 2:02:00
• 25.000 долари бонус за рекорд на патеката
Границата од два часа беше „светиот грал“ на трчањето, а Саве покажа дека човечките можности немаат граници.

И во женска конкуренција падна рекорд
Во женска конкуренција најбрза беше Етиопјанката Тигст Асефа, која на целта пристигна за нешто повеќе од два часа.
Поточно, најбрзата жена на Лондонскиот маратон истрча 2:15:41 и постави светски рекорд.











