По критиките од Вајц за реформите, Мицкоски вели: Не знам кој извештај сте го читале

Макфакс

27/04/2026

14:31

379

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски ја отфрли оценката на европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, дека земјава не постигнала напредок во реформите во последната година.

Запрашан да ја коментира изјавата на Вајц, Мицкоски рече дека извештајот што тој го слушнал е „комплетен антипод“ на таквите тврдења.

„Не знам кој извештај сте го читале од известувачот Томас Вајц, напротив извештајот што го имам слушнато јас е комплетен антипод од вашите прашања“, изјави премиерот.

Претходно денеска, во интервју за „Еуроњуз Бугарија“, Вајц изјави дека во последната година не видел никаков напредок ниту реформи во земјава.

„Не станува збор само за започнување на преговорите, туку и за реформската агенда, за планот за раст. Доколку Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи, 47 милиони евра нема да одат кај неа, туку кај соседните земји“, рече Вајц. Додаде и дека впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав е неопходен чекор и услов за откочување на преговорите за членство во Европската Унија.