СДСМ: Младите се иселуваат, а лажните патриоти во Владата земаат бугарски пасош за ЕУ

Макфакс

27/04/2026

12:33

147

Големина на фонт

а а а

СДСМ обвини дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ одбива да го поддржи предлог-законот за забрана на двојно државјанство за пратеници, членови на Владата и претставници на извршната власт, затоа што, како што тврдат од партијата, дел од функционерите веќе поседуваат бугарски пасоши.

На денешната прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека министри, градоначалници, пратеници и директори на јавни претпријатија од власта „приватно си обезбедиле бугарски пасоши за себе и за своите семејства“, додека јавно, според него, се претставуваат како бранители на македонскиот идентитет.

„Нивниот нов пристап кон ЕУ е едноставен: земи бугарски пасош за најблиските и еве ти Европа“, рече Огњеновиќ.

Тој оцени дека поради, како што наведе, блокирањето на европските процеси, Македонија заостанува зад другите земји од регионот во евроинтеграциите, посочувајќи дека Црна Гора и Албанија напредуваат кон членство во Европската унија.

СДСМ побара законот за забрана на двојно државјанство да важи веднаш и без исклучок за сите актуелни пратеници, министри и владини функционери.