Возач починал откако излетал од патот кај Кичево

Макфакс

26/04/2026

15:15

216

Големина на фонт

а а а

На 25 април 2026 година во 15:30 часот во Полициската станица Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на селото Видрани, од коловозот излетало патничко возило фолксваген поло со кичевски регистарски ознаки.

Возилото го управувал 62-годишниот Т.С. од селото Другово, кичевско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот.

Според изјавата на сопругата на возачот, која се наоѓала во возилото, Т.С. се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и изгубил контрола врз возилото, кое излетало од патот.

По насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.