Кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани

Макфакс

25/04/2026

14:30

182

Големина на фонт

а а а

Кривична пријава е поднесена за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– ОВР – Кочани до Основното јавно обвинителство – Кочани поднесе кривична пријава против Трговско друштво за вработување инвалидни лица – заштитно лице за производство, трговија и услуги Але – Дар Дооел од Кочани во својство на правно лице, и А.А., на возраст од 34 години од овој град, одговорно лице, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ – пишува во соопштението на МВР.

Според пријавата, во текот на 2023 година, при реконструкција на постоечки легален објект, без одобрение за градење од надлежен орган, била извршена доградба на објект со вкупна површина од 395,14 метри квадратни, од кои дел на земјиште во сопственост на правното лице, а дел на државно земјиште.

– Доградениот објект бил ставен во функција и од 5 мај 2023 година се користел како угостителски објект, при што се вршела угостителска дејност и се остварувала имотна корист. Бесправната градба ја констатирал градежен инспектор од Општина Кочани со записник од 3 април 2026 година – појаснија од МВР.