[ФОТО] Минути што траеја како вечност - драмата на пожарникарите на градилиштето: „Беше траорна глетка“

Точка

24/04/2026

18:30

918

Големина на фонт

а а а

Пожарникарите кои учествувале во спасувањето на четворицата работници затрупани при ископ на темели за нова зграда, за весникот ВЕЧЕР ја опишуваат драмата што се одвивала на терен.

Акцијата траела околу четириесет минути, период исполнет со неизвесност и напор, во кој седуммина пожарникари со рачни алати внимателно ја отстранувале земјата за да стигнат до затрупаните лица. Работата била исклучително тешка и ризична, бидејќи секое невнимателно движење можело дополнително да ја влоши ситуацијата.


„Беше траорна глетка“, изјави командантот на Градската противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски, објаснувајќи дека тројцата извлечени работници биле свесни, но во состојба на шок и страв. За жал, четвртиот работник не давал знаци на живот кога бил извлечен од под земјата.


Повредените веднаш биле транспортирани во Ургентен центар – Скопје, каде им била укажана итна медицинска помош.