САД ѝ се закануваат на Шпанија со исклучување од НАТО, пристигна одговор од шпанскиот премиер

Макфакс

24/04/2026

21:23

359

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот премиер реагираше на извештаите утрово дека САД разгледуваат можни мерки против сојузниците на НАТО кои не ја поддржале војната меѓу САД и Израел против Техеран.

Според „Ројтерс“, меморандум од Пентагон сугерира дека САД би можеле да ја суспендираат Шпанија од воениот сојуз, иако тоа не е можно според договорот врз кој се темели НАТО.

Премиерот Педро Санчез не сакаше директно да коментира за меморандумот и им рече на новинарите на самитот на ЕУ во Кипар: „Ние не работиме со е-пошта. Работиме со официјални документи и официјални ставови, во овој случај, на владата на Соединетите Американски Држави“.

Премиерот додаде дека ставот на Шпанија е „јасен“, нагласувајќи „целосна соработка со сојузниците, но секогаш во рамките на меѓународното право.