„Volkswagen“ претстави нова електрична лимузина развиена со Кинезите

Точка

24/04/2026

20:16

364

Големина на фонт

а а а

„Volkswagen“ ја претстави новата електрична лимузина ID. Unyx 09, развиена во соработка со кинескиот производител „Xpeng“.

Моделот е дел од офанзивата на германскиот бренд на кинескиот пазар, каде што планира голем број нови електрифицирани возила.

„Volkswagen ID. Unyx 09“ носи целосно нов дизајнерски правец – со поделени LED светла, осветлено лого и изразени црни детали долж каросеријата.

Со должина од околу пет метри, автомобилот е дури и нешто поголем од „Volkswagen ID. 7“, што го позиционира како потенцијален врв на понудата во Кина.

Моделот е развиен во рамките на заедничко претпријатие кое „Volkswagen“ го основал во 2017 година со кинески партнери во таа земја, а германскиот производител има мнозински удел во компанијата.


За развојот биле потребни само две години, што покажува колку соработката со кинеските партнери ги забрзала процесите.

Иако техничките детали сè уште не се објавени, познато е дека моделот користи големи 21-инчни тркала и врвни компоненти како „Brembo“ сопирачки.


Дизајнот е поелегантен и поспортски во однос на другите електрични лимузини на „Volkswagen“.

Важно е да се напомене дека овој модел нема да пристигне на европскиот пазар, бидејќи е развиен исклучиво за Кина.