Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 0 до 8 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време, со постепен пораст на дневните температури. Утринските температури ќе бидат посвежи, а во петок на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.







