Паднала одлука: Познато е кој ќе го води Ливерпул во наредната сезона

Дерби

21/04/2026

19:32

305

Големина на фонт

а а а

Ливерпул се уште го има статусот на актуелен англиски шампион и тоа ќе биде некаде до крајот или до самиот крај на кампањата по што официјално врвот, круната ќе ја преземе Арсенал или Манчестер Сити.

„Црвените“ не се прославија и во останатите натпреварувања и покрај огромните вложувања во летниот преоден рок, па изданијата на екипата донесоа многу прашалници околу иднината на менаџерот Арне Слот.

Доста навивачи сметаа/сметаат дека е време на промена, ново име на клупата, но оние кои посакуваат вакво сценарио ќе се разочараат затоа што истото нема да се реализира. „Скај Спортс“ пренесува дека управата не планира разделба со Холанѓанецот, поточно пласманот во Лигата на шампионите кој е многу блиску ќе му овозможи на Слот да продолжи на „Енфилд Роуд“.

Ова треба да биде потврдено, ама со оглед на тоа што за ова говореше и легендата на клубот Џејми Карагер тогаш станува јасно дека Арне останува да виде на чело и ќе биде предводник на екипата во која ќе мора да се најде замена за Мохамед Салах.

Инаку стратегот има договор со премиерлигашот до 2027 година.