Во време кога превенцијата и раната дијагностика стануваат клучен дел од современото здравство, приватните лаборатории се позиционираат како значаен сегмент во економијата.
Зголемената свест за здравјето, технолошките инвестиции и побарувачката за брзи и прецизни анализи придонесуваат за растот на секторот. Финансиските резултати за 2025 година покажуваат динамичен пазар, со јасно изразени лидери, но и со компании што се соочуваат со предизвици во одржувањето на профитабилноста.
Пари ги анализира приходите и добивките од Бизнис мрежа на водечките приватни лаборатории, чии податоци открија различни трендови во нивното работење, како и степенот на нивната конкурентност на домашниот пазар.
Во 2025 година граѓаните потрошиле 11,2 милиони евра на лабораториски анализи и медицинска дијагностика во петте водечки приватни лаборатории, пишува "ПАРИ".

Четири од пет лаборатории имаат милионски приходи
Податоците за 2025 година покажуваат дека сите анализирани лаборатории, со исклучок на една лабораторија, оствариле раст на приходите, што упатува на стабилна експанзија на секторот.
На врвот според остварен приход е Авицена, со 4,1 милион евра, што претставува зголемување од 10,24 насто во однос на 2024 година, кога приходот изнесувал 3,7 милиони евра.
Следуваат Биотек и Синево, со по 2,6 милиони евра приход. Биотек бележи солиден раст од 13,67 насто, додека Синлаб регистрира благ пад од 1,36 насто во однос на претходната година.
Најдинамичен раст бележи Рамус, чиј приход достигнува 1,2 милиони евра, што претставува импресивен скок од 60,95 насто. Значителен напредок остварува и Генеа, со раст од 35,31 насто и приход од 693,5 илјади евра.
Овие резултати потврдуваат дека приватниот лабораториски сектор продолжува да се развива и да ја зацврстува својата позиција во здравствениот систем.
Остатокот од текстот прочитајте го на "ПАРИ".










