Барселона им се враќа на обврските во домашниот шампионат каде почнувајќи од пресметката со Селта Виго ќе се обиде да направи нов исчекор и дојде до целта, освојување на пехарот во Ла Лига.
Сега комплетниот фокус ќе биде насочен само кон мечевите во Примера, треба да се победува, ама во исто време може и да се размислува за промените кои се очекува бидат направени во летниот преоден рок.
Тренерот Ханси Флик досега не можеше да добие соодветни засилувања поради финансиски причини, но најавите се дека Барса ќе биде послободна летово и ќе може да донесе неколку освежувања.
-За мене тоа е голем сон. Постојат две работи во животот што ги сакам, да ја освоиме Лигата на шампионите и да имаме фантастичен тим за следните години. Знаете како секогаш велам, мора да донесеме правилна одлука за трансфер периодот, немојте да донесувате глупави одлуки, мора да бидеме совршени. Тимот е млад и имаме многу потенцијал, а исто така да стануваме сè подобри и подобри. Имаме добра структура.
-Минатата сезона го имавме Ињиго [Мартинез]. И тој беше одличен лидер, па затоа ова е она од што учиме, па затоа ни требаат и играчи кои го имаат ова лидерство на теренот. Ова е важно. Станува збор за зборување, кажување еден-два метра тука, зборување едни со други. На тренинзите, навистина сум среќен, но во Лигата на шампионите, ни треба ова. Играчи кои се зрели, кои се способни да покажат каде треба да одиме на теренот. Ова е важно, -вели Флик кој е во комуникација со Деко.
-Разговараме секој ден кога е тука. Разговараме по телефон. Секако, се фокусираме на следната сезона, тоа е нормално. Сега исто така не е вистинскиот момент да се зборува за тоа. За мене, јасно е дека ни треба секој играч сега. А потоа ќе видиме на крајот од сезоната, кога ќе го анализираме тоа, што ни треба. Имаме јасни идеи. Но, сега не е момент да се зборува за тоа, -заклучи Германецот.











