Зеленски: Нафтовод „Дружба“ е подготвен да продолжи со работа

Макфакс

21/04/2026

19:35

208

Големина на фонт

а а а

Нафтоводот „Дружба“, кој транспортира руска нафта во Европа, е подготвен да продолжи со работа, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, сигнализирајќи дека Киев сега очекува деблокирање на пакетот помош од 90 милијарди евра.

„Украина ги заврши поправките на делот од нафтоводот „Дружба“ што беше оштетен во рускиот напад. Нафтоводот може да продолжи да работи“, напиша Зеленски на Икс.

Прекинувањето на протокот ги налути Унгарија и Словачка, кои остануваат зависни од увозот на руска нафта.

„Орбан ја блокираше помошта за Киев“

Унгарската влада се закани дека ќе ја прекине енергетската помош за Украина како одговор, а Виктор Орбан долго време го блокираше пакетот помош за Киев договорен од Европската комисија.

Зеленски додаде дека Украина, чиј воен буџет во голема мера зависи од странско финансирање, очекува исплата на парите како што е договорено, по поправката на нафтоводот „Дружба“.

„Го поврзуваме ова со деблокирањето на европскиот пакет за помош за Украина, кој веќе е одобрен од Европскиот совет“, рече тој.

Кремљ денес соопшти дека Русија е технички подготвена да го продолжи протокот на нафта преку гасоводот.