[ФОТО] Синот на Мајкл Џексон се појави на црвениот килим: Внимание привлече неговото модно издание

Точка

21/04/2026

19:21

673

Големина на фонт

а а а

Синовите на Мајкл Џексон, Биги и Принс, ретко се појавуваат заедно во јавност, а овојпат тоа го направиле на црвениот килим на берлинската премиера на новиот биографски филм за нивниот покоен татко.

На браќата им се придружиле и други членови на семејството, меѓу кои Џермејн и Ренди. Меѓутоа нивната сестра Парис не се појавила.


Биги со својот стајлинг потсетил на покојниот татко. Носел елегантен црн костум и бела кошула, што е прилично отстапување од неговото вообичаено лежерно издание, бидејќи 24-годишникот најчесто носи обични маици и кратки панталони. Принс се одлучил за црн костум, црвена кошула и црна вратоврска. И двајцата носеле црвена лента околу раката, дискретен симбол со кој Мајкл често изразувал поддршка за загрозените деца. На лентата имало и илустрација од стапалата на нивниот татко во една од неговите препознатливи пози.


Биографски филм за животот на кралот на попот

„Филмот носи голем и впечатлив приказ на неговите триумфи и трагедии – од неговата човечка страна и личните борби до неспорниот креативен гениј, прикажан низ неговите највпечатливи настапи. Публиката за првпат ќе добие толку детален увид во животот на еден од највлијателните и најреволуционерни уметници што светот некогаш ги запознал“, стои во официјалниот синопсис.

Главната улога ја толкува Џафар Џеремаја Џексон, внук на Мајкл и син на Џермејн Џексон. Премиерата на филмот беше одложувана неколкупати, а во кината треба да пристигне месецов. Покрај Џафар, во филмот глумат и Колман Доминго како таткото на Мајкл, Џо Џексон, Ниа Лонг како неговата мајка Кетрин, како и Кет Греам во улогата на Дајана Рос.

Синовите го продолжуваат патот на својот татко

Биги, кој претходно бил познат по прекарот Бланкет и во 2015 година го променил името е роден во 2002 година со помош на сурогат-мајка, чиј идентитет никогаш не бил откриен. Иако главно се држи подалеку од очите на јавноста, во 2021 година дал ретко интервју во кое зборувал за важноста на борбата против климатските промени.


„Секој од нас тројца сака да создава нешто во кое луѓето ќе уживаат, но и нешто што ќе им биде корисно“, изјавил тогаш за „Good Morning Britain“. „Мислам дека е важно сите да бидеме свесни за климатските промени. Пред нас има многу работа, но нашата генерација знае колку е тоа важно“, додал тој.


Принс е првото дете на Мајкл од бракот со поранешната сопруга Деби Роу. Зборувајќи за наследството на својот татко, претходно за „Entertainment Tonight“ изјавил: „Би сакал да верувам дека би бил многу горд, затоа што мислам дека една од неговите главни цели беше не само да шири порака на позитивност и среќа, туку и да види како неговите деца навистина ја живеат таа порака“.