Делови од Центар утре без вода за пиење

Макфакс

21/04/2026

18:15

173

Големина на фонт

а а а

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека nајавениот прекин во водоснабдувањето, односно отстранувањето на дефект во водоводна мрежа на ул. Црвена Вода, поради технички причини се одложува за 22.04.2026 г. (среда), поради тоа од 09:00 часот до завршувањето на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. (Општина Центар)

· На ден 22.04.2026г. (среда), поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник одФ 80мм. на улица 20-ти Октомври бб, од 10:30 часот до завршување на работните активности. прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на истата улица. (Општина Центар).