Што можевме да купиме во 2008 година, а сега не смееме да си го дозволиме?

Денар

21/04/2026

16:06

1.342

Големина на фонт

а а а

Имаше едно време кога количката во маркет не се полнеше со калкулации и со пресметки. Се влегуваше по леб и млеко, а се излегуваше со полни кеси. И никој не застануваше пред рафтовите да пресметува дали сирењето ќе почека до следниот месец. Така беше, на пример, во 2008 година.

Во тие години, купувањето беше повеќе автоматско. Кафе од познат бренд без многу размислување. Чоколади во пакет, не едно по едно. Маслиново масло не беше „луксуз“, туку нормална ставка во кујната. Во супермаркетите се гледаа полни колички, а не половично пополнети корпи, пишува "Денар".

Тогаш се купуваа и работи „за мерак“. Облека се купуваше сезонски, а не по потреба. Имаше пари и за ресторан, и за викенд надвор од град. Не секој ден, ама доволно често за да не биде реткост.

Денес, сликата е поинаква. Влегуваш во маркет и прво што правиш е да ги провериш цените. Лебот се гледа како основа, ама сирењето веќе е „додаток“. Маслото се купува кога мора, не кога ќе снема. Чоколадото? Ако остане нешто од буџетот.


Аналитичарите велат дека промената не е само во цените, туку и во психологијата на купувачите. Луѓето почнале да купуваат со страв дека утре ќе биде уште поскапо. Или полошо, дека нема да има доволно.

Разликата најмногу се гледа во ситниците. Порано се купуваше сок за дома, денес се купува вода. Порано се купуваше цело пакување месо, денес се бара „на грамажа“. Порано количката се полнеше за недела дена, сега се оди почесто, ама се купува помалку. Како да се одложува трошокот, а не да се решава.

И не се само храната и маркетите. Во 2008 година, автомобил беше нешто што се менуваше на неколку години. Денес, се вози додека може. Се поправа, се крпи, се одложува. Истото важи и за техниката. Телевизорот, машината за перење, фрижидерот – сè се користи до крај.

Остатокот од текстот прочитајте го на "Денар".