„Си-ен-ен“: Одложено заминувањето на потпретседателот на САД за преговори со Иран

Макфакс

21/04/2026

21:22

201

Големина на фонт

а а а

Засега, заминувањето на потпретседателот на САД Џ.Д. Венс во Исламабад, главниот град на Пакистан, за планирани преговори со Иран, е одложено, јавува Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори.

Се очекуваше денес Венс да отпатува во Исламабад на преговори со делегацијата на Иран, но не е познато каков е моменталниот план.

Извори за Си-ен-ен изјавија дека Венс пристигнал во Белата куќа на состанок за следните чекори на американската администрација, а таму биле и американскиот министер за одбрана Питер Хегсет и државниот секретар Марко Рубио.

Досега ниту еден ирански функционер не потврдил дека делегација од таа земја ќе отпатува во Исламабад.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ќе се постигне договор со Иран и дека ја исклучува можноста за продолжување на двонеделното примирје.