Крос: Никогаш немав 20 пријатели во Реал!

Дерби

21/04/2026

13:10

631

Големина на фонт

а а а

Тони Крос беше дел од свечената „Лауреус“ церемонија која синоќа се одржа во Мадрид, манифестација на која Германецот доби специјална награда како спортист кој инспирирал многу млади генерации со наследството кое го остави на фудбалот.

Крос реши да се пензионира прилично рано и во моменти кога беше во топ форма, па иако во изминативе две години добиваше и предлози да се врати, тој вели дека ужива во слободното време, но и во новите проекти кој ги има надвор од професионалниот фудбал.

Германскиот играч за врска замина во пензија како еден од најуспешните играчи за врска, но според него, тоа ќе било невозможно без тимска хемија и натпреварувачки дух во клучни периоди од сезоната.

Говорејќи за рецептот за победа, Крос обелодени дека никогаш во својата кариера не наишол на група во која имал 20 пријатели во еден тим, вклучувајќи го и Реал каде освои се што можеше да се освои.

– Научив дека треба да бидам играч за тимот, брзо ми стана јасно дека големите работи се остваруваат само како тим. Тоа не значи дека треба да имате 11 или 25 пријатели во соблекувалната, никогаш не бев дел од тим во кој имав 20 пријатели, ниту во Реал. Тоа е невозможно, невозможно е да имате 20 пријатели во еден тим.

– Сепак, во секој тим од кој бев дел, бевме тим кога вистински беше пторебно да биде така. Ги тргавме егата на страна, го користевме индивидуалниот квалитет за тимска корист. Тоа беше пресудно за успеси во периодот кој го имав во Реал. Во даден момент, самиот порачав дека сакам да се пензионирам во Реал Мадрид и си останав на зборот кој го дадов. Сега гледам дека тоа се помалку се случува во фудбалот, – изјави Крос.