Нан го понижи Везенков: Има помош од судиите, никогаш во животот не видел удвојување

Макфакс

21/04/2026

15:20

223

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков, го заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата како најдобар стрелец во натпреварувањето, што не беше доволно за асот на Панатинаикос, Кендрик Нан, да му подаде рака на својот лут ривал, но се обиде на секој начин да го дискредитира.

Везенков е најдоминантен кошаркар во Евролигата по бројот на постигнати поени, во просек по натпревар, но Нан ги гледа работите поинаку од другите.

„Сите доминантни бекови работат многу понапорно. За среќа, неговиот тим е прв и тој игра одлично без да мора да работи премногу. Исто така, добива голема помош од „Портокаловите“ (мисли на судиите), секоја чест. Не мислам дека некогаш видел удвојување во животот“, рече Нан во изјава за „Basketnews“, отворајќи ново поглавје во соперништвото со најдобриот играч на Олимпијакос.

За разлика од Олимпијакос, кој ќе добие ривал дури во петок навечер кога ќе завршат плејин натпреварите, Панатинаикос ќе излезе на теренот вечерва каде што ќе се обиде да ги добие четвртфиналните дуели против Монако, за потоа да и се спротивстави на Валенсија