Џип удри жена на пешачки премин кај ТЦ „Зебра“ во Скопје, пренесена е во болница

Макфакс

20/04/2026

20:28

236

Големина на фонт

а а а

Во попладневните часови на улицата Васил Ѓоргов, кај ТЦ „Зебра“ во Скопје, црн џип удри во жена на пешачки премин.

Веднаш по несреќата на местото пристигнала Брзата помош, која ја пренела повредената во болница.

„Успеа самата да стане по ударот“, вели сведок на настанот за „Макфакс“.

На местото бил присутен и возачот на џипот, кој разговарал со полицијата додека се вршел увид.

Засега нема официјални информации за тежината на повредите, ниту за околностите под кои дошло до несреќата.