Срушен рекорд на најпознатиот и најстариот маратон на планетата

Макфакс

20/04/2026

20:23

231

Големина на фонт

а а а

Кениецот Џон Корир во машката трка и неговата сонародничка Шерон Локеди, втора година по ред, се победници на Бостонскиот маратон, најстарата и најпозната маратонска трка во светот.

Корир стигна до целта за 2:01,52 часа и го постави најдобриот резултат во 130-годишната историја. Претходниот рекорд го држеше Џефри Мутаџи со 2:03;02. Ова достигнување го надмина големиот Корир за една минута и 10 секунди.

Второто место му припадна на Танзаниецот, Алфонсо Симба, кој беше 55 секунди зад победникот, а Кениецот Бенсон Кипруто се искачи на најдолното скалило на подиумот.

Кенијките доминираа и во женската трка. Шерон Локеди победи со време 2:18:51. Минатата година, таа го постави рекордот на патеката со 2:17:22.

На подиумот ѝ се придружија сонародничките Луиз Чемнунг (2:19;35) и Мери Нгуги – Купер (2:20;07).

Бостонскиот маратон се одржа за прв пат во 1897 година.