Херојски потег на мајка која ја спаси ќерката: Еден гледач го загуби животот

Точка

20/04/2026

15:33

682

Големина на фонт

а а а

Еден гледач го загуби животот на Јужноамериканското рели првенство, кое се одржа минатиот викенд во Аргентина. Немили сцени беа забележани за време на втората етапа од FIA CODASUR Rally Championship во Мина Клаверо.

До трагедијата дошло кога парагвајскиот екипаж, зад чиј волан бил Дидиер Аријас со совозачот Хектор Нуњез, удрил во земјен насип, по што изгубил контрола над возилото. Следувало повеќекратно превртување на нивниот „Volkswagen Polo“, а во својата траекторија го зафатил 25-годишен гледач кој починал од здобиените повреди.

На интернет се појавија драматични снимки на кои може да се види како гледачите панично се тргаат во моментите кога автомобилот излетува од патеката. На снимката исто така се гледа како мајка со молскавична реакција го спасува животот на својата ќерка, оттурнувајќи ја настрана пред неконтролираното возило.

„Потресени од настанот“

„Длабоко сме потресени од овој трагичен настан. Изразуваме искрено сочувство до семејството на починатиот, а нашите мисли се со сите повредени. Истрагата е во тек“, соопштија од „FIA“.

Возачот и совозачот имале среќа и не биле повредени во инцидентот.

„Целиот живот беше пред тебе, каква трагедија … ова е толку неправедно … ова е ненадоместлива загуба, зошто баш ти“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи по оваа трагедија.