Управувале дрон без дозвола во близина на СЦ „Борис Трајковски“, три лица повикани на разговор во полиција

Макфакс

20/04/2026

12:46

120

Големина на фонт

а а а

Три лица се повикани на разговор во полиција затоа што управувале дрон во близина на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 19:30 часот во Скопје, во полициска станива Карпош е извршен службен разговор со И.С.(25), Г.Х.(30) и Д.М.(28), затоа што претходно биле затекнати додека управувале дрон без соодветна дозвола во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Дронот е одземен и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.