Независниот академски синдикат: МОН не ги прифати најголемиот дел од нашите забелешки

Макфакс

20/04/2026

12:37

98

Големина на фонт

а а а

Независниот академски синдикат (НАкС) информира дека на 17 април (петок) оствариле средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска и со претставници на Министерството за образование и наука (МОН), во просториите на Министерството.

Средбата, како што е соопштено била одржана по иницијатива на НАкС, врз основа на претходно доставено барање за отворање институционален дијалог во врска со пакетот на предлог-закони за

високото образование, научноистражувачката дејност и обезбедувањето квалитет.

„На средбата, претставниците на НАкС детално ги образложија своите забелешки, ставови и аргументи во однос на предложените законски решенија, со посебен акцент на прашањата поврзани со:

• почитувањето на принципот на универзитетската автономија,

• распределбата на надлежностите меѓу независните тела и извршната власт,

• условите за избор во наставно-научни и научни звања,

• финансирањето на научноистражувачката дејност, како и

• финансиската и кадровската автономија на високообразовните и научните

установи.

И покрај изнесените аргументи и укажувања, НАкС со жалење констатира дека на средбата не беа прифатени најголем дел од нашите предлози за подобрување на текстот на законите. Претставниците на МОН изразија отвореност само за подобрено дефинирање на релевантните научни бази за научното поле на јазиците и книжевноста“.

НАкС, додаваат од таму, останува посветен на принципите на академска автономија, заштита на квалитетот и на институционалната одговорност во високото образование и науката и ја реафирмира својата подготвеност за натамошен дијалог со сите релевантни чинители, со цел изнаоѓање решенија што ќе придонесат за одржлив развој на македонскиот систем на високото образование и науката